Русија лансираше над 30 сателити: Еве која е нивната задача

Точка

05/07/2019

15:40

2.945

Големина на фонт

а а а

Дури 32 сателити се испратени во орбитата во првото овогодишно лансирање од неодамна изградениот космодром Восточни.

Меѓу лансираните сателити се вселенски летала за следење на временските услови и екосистемите „Метеор-М 2.2“, како и бројни летала од Соединетите Американски Држави, Германија и Франција.

Целта на сателитот „Метеор-М“, тежок 2,6 тони е проучување на температурата на океаните, озонската обвивка и топењето на глечерите. Се планира овој сателит да биде во функција десет години.


Космодромот Восточни на Далечниот исток на Русија, околу 8 илјади километри источно од Москва беше отворен пред три години со цел да ја намали руската зависност од космодромот Бајконур во Казахстан.

Откако беше отворен, досега имаше пет лансирања од Восточни. Четири од нив беа успешни, вклучувајќи го и последното лансирање денес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг