Русите не се откажуваат: Москва ќе продолжи да ја зајакнува армијата на Венецуела!

Точка

05/07/2019

14:59

1.587

Големина на фонт

а а а

Русија ќе продолжи да го зајакнува воениот потенцијал на вооружените сили на Венецуела, изјави заменик рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Секако дека ќе превземеме мерки во рамките на веќе постоечките договори. Тоа ќе помогне да се зајакне воениот потенцијал на вооружените сили на таа земја“, изјави пред новинарите Сергеј Рјабков.

Тој нагласи дека фокусот ќе биде ставен на опремата испратена во Венецуела и повторно ги отфрли шпекулациите дека припадници на руската армија се распоредени во јужноамериканската држава.


Русија веќе неколку пати нагласи дека присуството на руските воени експерти во Венецуела е целосно легално, додека од Соединетите Американски Држави ги повикаа веднаш да ја напуштат Венецуела.

Наводно, руските специјалисти ги обучуваат техничарите и работат на поправка и одржување на вооружените системи кои што претходно ѝ беа доставени на венецуеланската армија во рамките на договорите за билатерална соработка помеѓу двете земји за соработка во сегментот на одбранбената индустрија.


Инаку, кон крајот на минатиот месец во Венецуела уште еден транспортен авион на руската армија, но од Министерствата за одбрана на двете земји одбиваат да откријат повеќе детали околу авионот кој пристигна во Каракас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг