Нова „бомба“ во европската кошарка: Фенербахче е пред потпис со големата француска ѕвезда

Дерби

05/07/2019

10:59

842

Големина на фонт

а а а

Турскиот гигант, Фенербахче е на добар пат да го обезбеди потписот на францускиот репрезентативец Нандо Де Коло.

Де Коло во изминативе пет сезони беше дел од тимот на ЦСКА Москва со кого освои две титули во Евролигата, но тој одлучи да си замине од Русија со желба повторно да се врати во НБА лигата.

Меѓутоа според последните информации кои ги пренесе „Еурохупс“, Фенер реагирал и успеал да го предомисли одличниот бек кој сега е на пат да слета во Истанбул. Турскиот прволигаш мораше да реагира откако го загуби Николо Мели и Марко Гудуриќ кои заминаа во НБА лигата, па стапиле до контакт со Де Коло, играч кој важи за еден од најдобрите на својата позиција на стариот континент.

Според „Еурохупс“ двете страни веќе во основа се имаат договорено, па сега останува само официјалната објава на „бомбата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг