Се снимала во живо додека ја бојадисувала косата, сред снимање работите тргнале на лошо

Кармин

05/07/2019

10:03

4.019

Големина на фонт

а а а

Лори Фејт е 18-годишна девојка од Њујорк која наместо да посети фризер, одлучила самостојно да ја бојадиса својата коса – нешто за кое набрзо зажалила.

Влогерката сакала да ги избланшира своите, дотогаш сини кадрици, кои претходно ги израмнила со други хемикалии – што се покажало како многу лош потег. 

Лори во живо го снималa процесот на промена на фризурата на својот Инстаграм профил. Откако ја помешала и ја нанела смесата на глава, таа поминала со чешелот низ косата, а прамените ѝ останале помеѓу запците. Кога сфатила што се случило, се шокирала и брзо го прекинала снимањето во живо.

Лори често експериментира со косата, а неколку пријатели ја предупредиле дека избелувањето може да биде опасно доколку не се изведува правилно и професионално – особено ако се комбинира со третманот за исправување на кадрици, како во нејзиниот случај.

Иако косата сега ѝ е многу кратка, 18-годишната тинејџерка го прифатила својот нов изглед.

“Имам поголема самодоверба околу својата коса сега. Луѓето ме тешеа на социјалните мрежи, кажувајќи ми дека добро изгледам без оглед на сè”, открила таа за “Metro”.

“Мислев дека знам што правам. Мојата мајка беше многу вознемирена, но ми помогна да си ја вратам самодовербата. Некои пријатели ми се смееја, но не им замерував бидејќи и на мене целата ситуација ми е всушност смешна”, заклучила Лори.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk