Многу од жените му се јавувале тврдејќи дека се во врска со него, а една од нив била уверена дека ќе се венчаат затоа што “биле заедно“ една година, па била подготвена да дојде во Хрватска.
Името на познатиот хрватски модел, автор, водител и инфлуенсер, Деан Пелиќ завршило во светските медиуми.
Причината е пеколот низ кој поминал поради крадење на неговиот идентитет, лажни профили на социјалните мрежи со кои биле измамени многу од жените низ светот.
Деан за „Дејли Мејл“ раскажал дека во последните две години го контактирале над 200 жени кои биле жртви на измама и кои мислеле дека ќе го запознаат и дека ќе се сретнат со него, а најлошо од сè тие луѓе кои му го украле идентитето на социјалните мрежи барале и пари.
Многу жени му се јавиле тврдејќи дека се во љубовна врска со него, а една од нив била сигурна дека ќе се венча со него затоа што веќе една година биле “заедно“.
Кога сфатил дека сè заминало предалеку, Деан се упатил во полиција каде што му рекле дека тие во таа ситуација се беспомошни затоа што немаат врз основа на што да напишат кривична пријава.
Еден од начините да ги заштитите вашите профили на социјалните мрежи е да го верификувате вашиот профил.
„Да, вистина е. Тоа трае веќе неколку години, но во последните две години целата приказна се искомплицира. Со текот на времето се појавуваа се повеќе лажни профили со мои фотографии, лажирани лични податоци, со кои жените ширум светот од Скандинавија па сè до Индија им било барано да уплаќаат пари на сметка, секако лажна сметка, наводно за мојата книга чие издание наскоро ќе излезе и на англиски јазик“ - вели Деан.
Една од најбизарните приказни која Деан ја сподели со „Дејли Меил“ е онаа во која некој користел фотографии од неговата неодамна почината баба и на лажниот профил измислувал приказни за нивниот однос.
Имало и профили на кои Деан има ќерка, а при пребарување на Гугл во случај да го испишете неговото име и презиме друг поим кој ќе ви се појави е „Dean Pelić daughter“. Но, иако тоа еден ден го посакува за себе, тој сега не е во брак и нема дете.
Со оглед на сите бизарни приказни и непронаоѓање на вистинско решение на тој сериозен проблем, Деан одлучил да излезе во јавност со целата приказна за што поголем дел од луѓето да бидат предупредени од опасноста.