Марио Манџукиќ го напушта Јувентус и се враќа во Бундеслигата

Дерби

04/07/2019

16:41

1.095

Големина на фонт

а а а

Слично како со Жоао Кансело, Маурисио Сари уште на самиот старт посочи дека нема да има место во неговиот тим и за Марио Манџукиќ кој во Торино прерасна во еден од милениците на публиката.

Хрватскиот интернационалец секогаш го даваше максимумот за клубот,а тао му донесе и нов договор кој го потпиша во месец април и со кој се обврза на соработка за уште една година со „старата дама“.

Сепак доаѓањето на Сари ќе значи негово извесно заминување во летниот преоден рок, но наместо во кинески тим, Манџукиќ веројатно кариератаќе ја продолжи во Германија.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“ за искусниот офанзивен играч има сериозен интерес од Борусија Дортмунд. Манџукиќ долги години играше во Бундеслигата во дресовите на Волфсбург и Баерн Минхен каде остави значителна трага, а доколку пристигне меѓу „милионерите“ со сигурност ќе претставува големо засилување за нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг