Вимблдон му ја одземаа паричната награда на Томиќ

Макфакс

04/07/2019

15:57

942

Големина на фонт

а а а

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ нема да ја добие паричната награда од 45.000 фунти, што им припаѓа на играчите што ќе испаднат во првото коло. Соред организаторите тој не ги исполнил „професионалните стандарди“, во поразот од Жо-Вилфред Цонга.

Познат по своето контроверзно однесување, Томиќ во вторникот загуби од Цонга. Она што го првилече вниманието е дека Томиќ за само 58 минути испадна од Вимблдон. Цонга мечот го доби со 6:2, 6:1, 6:4.

На социјалните мрежи навивачите неговиот настапа го оценија како „ужасен и срамен“.

Орагнизаторите, во четвртокот, објавија дека според судијата на тој меч „однесувањето на Бернанрд Томиќ во мечот со Жо-Вилфред Цонга не ги исполнил бараните професионални стандарди“.

Поради тоа Томиќ нема да ја добие паричната награда од 45.000 фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг