Првите чекори на Нил Армстронг на Месечината ги следеше целиот свет, а снимките од Месечината ја заобиколија цела планета. Меѓутоа, поради пропуст на управата на НАСА, видеокасетите беа продадени на студент кој ги купил за само 218 долари, а денес за истите ќе заработи повеќе од два милиони долари, пренесуваат од Си-ен-ен.
Кон крајот на 60-те години на минатиот век, НАСА го направи историскиот чекор кога го прати првиот човек на Месечината.
Не многу долго потоа одржаа акција на која продаваа работи кои биле вишок, и тогаш не знаејќи го продале и сетот од 65 видео касети на кои се наоѓаат најквалитетните снимки од Аполо 11. Оттогаш неколкупати тие изјавија дека снимките засекогаш се изгубени и дека управата на НАСА не знае што се случило со нив.
Купувачот бил Гери Џорџ кој тогаш бил на пракса во НАСА и тој ден од аукцијата ги купил 65-те касети од големото историско случување и потоа постепено ги продавал на телевизиските куќи. Денес во неговиот дом останати се само три касетиод кои сите три го покажуваат чекорењето по Месечината.
На 20-ти јули оваа година НАСА ќе одбележи 40 години од сателитот на Месечината и поради таа прилика ги бараат сите снимки од тоа случување. Џорџ, дури сега 30 години по купувањето на касетите ги прегледал снимките и сфатил што чува во својот подрум сите овие години.
Експертите ги прегледале снимките и утврдиле дека нема никаква грешка и дека навистина станува збор за автентични снимки од 20-ти јули 1969-та година. Наскоро ќе бидат достапни на аукција, а почетната цена за снимките изнесува 700.000 долари.