Галењето на бебето му помага во развој на неговиот мозок, особено кај оние прерано родените, покажало истражувањето објавено во магазинот „Current Biology“, кое е спроведено на 125 бебиња во „Nationwide Children’s Hospital“ во САД.
Научниците дошле до заклучок дека прегратката поттикнува посебна реакција во мозокот на бебето, која е неопходна за воспоставување на социјалните и емоционалните односи, како и за привремен развој на нервниот систем.
Со оглед на тоа што визуелниот систем на новороденчињата уште не е доволно развиен, нивниот развој многу зависи од допирот и звукот. За да видат како новороденчињата реагираат на допир, истражувачите го набљудувале нивниот мозок.
Колку бебето има повеќе допири со своите родители и блиските луѓе, толку реакциите во неговиот мозок се поизразени.
„Нежен допир, особно оној 'кожа на кожа', е само една од важните работи кои родителите можат да ги направат за своето бебе“, истакнала д-р Натали Матр, една од истражувачките.