Рами Малек поставил услов за улогата во новиот "Бонд": Без поврзување со религијата

Точка

04/07/2019

10:24

3.379

Големина на фонт

а а а

Рами Малек, оскаровецот со египетско потекло, потврдил дека ја прифатил улогата на негативец во новиот филм за Џејмс Бонд, но дури откако се уверил дека ликот кој би го глумел нема да има религиозна припадност.

"Реков, не можеме да го поврземе со ниеден терористички чин кој одразува одредена идеологија или религија. Тоа не е нешто во што би уживал. Ако е така, тогаш можете да сметате на мене", рекол Малек за британските медиуми. 

Истакнал дека глуми "одличен лик" кој е друг вид на терорист и дека е многу возбуден што е дел од следниот филм за агентот 007.

"Станува збор за уште едно одлично сценарио од луѓе кои сфатиле што точно публиката сака да види во тие филмови", рекол Малек.

Тој својот лик го опишал како мистериозен негативец вооружен со опасна технологија.

Актерот со египетско потекло е награден со Оскар за најдобра машка улога во филмот "Боемска рапсодија", приказна за Фреди Меркјури, фронтмен на Квин.

Насловот на најновиот филм за Џејмс Бонд уште не е потврден, а многумина го нарекуваат само "Бонд 25".

Снимањето е во тек, а премиерата се очекува во април 2020-та. Даниел Крег повторно ќе го глуми тајниот агент од романот на Иан Флеминг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг