"Принцезата бегалка" предизвикала дипломатски спор меѓу Германија и ОАЕ: Зошто го оставила владетелот на Дубаи?

Точка

03/07/2019

18:07

3.831

Големина на фонт

а а а

Принцезата наводно добила дозвола да остане во Германија со децата.

Наводно избила дипломатска криза меѓу Германија и ОАЕ, откако принцезата Хаја го оставила својот сопруг, владетелот на Дубаи, и побегнала стравувајќи за својата безбедност. 

Минатиот викенд како бомба одекнала веста принцезата Хаја бинт Ал Хусеин наводно го оставила сопругот, владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Ел Мактум. Принцезата наводно прво побегнала во Лондон, а потоа поднела барање за политички азил во Германија.

Со себе ги повела децата и 35 милиони евра, пренесува "The Sun".

"Guardian" пишува дека тоа е правна битка меѓу двајца најистакнати членови на блискоисточното кралско семејство започната во лондонските судови поради тврдењето дека владата на Велика Британија лобирала за случајот.

Се наведува дека преку приватни канали од Дубаи биле пратени барања во Велика Британија во кои се бара нејзино враќање во ОАЕ. Меѓутоа, Министерството на внатрешни работи вели дека тука станува збор за приватен спор.

Амбасадата на ОАЕ во Лондон негирала дека била вклучена во било каква расправа за присуството на принцезата Хаја во Велика Британија.

Која е принцезата Хаја?

Принцезата Хаја бинт Ал Хусеин е втора сопруга на шеикот Мухамед, премиер и владетел на Дубаи. Хаја е помлада полусестра на кралот Абдулах Втори од Јордан.

Хаја за шеикот Мухамед се омажила во 2004-та година. Според нејзината официјална веб страна "спортот е доминантен дел од нејзиниот живот уште од детството".

"Искусувајќи ја силата на спортот во својот живот, таа неуморно работи на тоа на другите, посебно на младите девојки, да им понуди слично искуство", пишува на сајтот.

Нејзината интернет страна објаснува дека била мотивирана од убедувањето дека спортот подобрува животи, ги зајакнува жените и руши бариери меѓу луѓето и нациите.

Покрај тоа што учествува во хуманитарни акции, принцезата Хаја е и потпретседател на "Royal Windsor Horse Show" и до неодамна била редовно фотографирана на овој и други важни настани.

Во интервју за "Жените на емиратите" пред 3 години, принцезата Хаја рекла дека секогаш сакала да биде новинар, бидејќи има страст кон весници и списанија.

Со возбуда зборувала за своите две деца,, кои очигледно "ја сакаат пустината" и се што прави нивниот татко.

Списанието опишало дека очите и светеле додека зборувала за сопругот, а нејзиното восхитување кон него и децата е "опипливо".

Принцезата Хаја е блиска со британското кралско семејство и поседува куќа од 95 милиони евра во близина на палатата Кенсингтон.

Зошто го оставила шеикот?

Уште не е познато зошто принцезата го оставила сопругот. Меѓутоа, како што пренесува британски "The Sun", познато е дека со себе понела 35 милиони евра за почеток на нов живот, побарала азил и поднела барање за развод.

"Times" пренел како принцезата добила дозвола да остане во Германија со децата.

Меѓутоа, останува мистеријата за нејзиното прецизно движење, бидејќи не била видена во јавноста од другата половина на минатиот месец, а не го следела ни својот сопруг на трките во Аскот во јуни.

Властите во Дубаи, федералната влада на УАЕ и Германија одбиле да одговорат на прашањата за извештаите за нејзиното исчезнување. Меѓутоа, како што пренесува "Times", никој не ги демантирал.

Принцезата Хаја наводно им рекла на пријателите дека ја избрала Германија, бидејќи не им верувала на британските властите.

Тоа е уште еден удар за шеикот, откако минатата година се појавила веста дека една од неговите ќерки, принцезата Латифа, е заробена во Дубаи.

Таа не е видена откако се обидела да побегне од семејниот имот вреден 84 милиони долари во 2000-та година, кога имала 19 години.

Семејството вели дека Латифа е безбедна во Дубаи, но активистите побарале принцезата Хаја да интервенира за да обезбеди нејзино ослободување.

Како шеикот реагирал на нејзиното исчезнување?

Медиумите пренесуваат дека шеикот побарал од Берлин неговата сопруга и двете деца да се вратат во ОАЕ. Меѓутоа, тие тоа го одбиле и службениците за безбедност наводно ги штитат.

Тоа предизвикало дипломатска криза меѓу Германија и Емиратите.

Откако исчезнала принцезата Хаја, шеикот Мухамед напишал две песни, алудирајќи на нејзината загуба.

"Фатална стрела ја проби мојата душа и ме остави луд", пишува во песната. После тоа ја моли сопругата "да го остави минатото, да го омекне своето срце, да му ги прости грешките и да ги награди неговите добри дела".



Спонзорирани линкови

Маркетинг