Првиот натпреварувачки ден на Вимблдон ни донесе премногу големи изненадувања во машка и женска конкуренција, но ако треба да се собираат впечатоци за најдобро одиграните поени, тогаш на врвот избива Уругваецот Пабло Куевас кој го доби маратонот со Дамир Џумхур.
Куевас победи со 3:2, но во одлучувачкиот петти сет исценира еден поен кој ги доведе до екстаза и лудило присутните фанови на еден од помалите стадиони во Ол Ингланд клубот. Уругваецот беше лобуван и се чинеше дека е пред невозможна мисија, но тогаш извлече магија од својот репертоар и со маестрален удар ги шокираше фановите, но и самиот Џумхур кој не знаеше што го снајде.