Швеѓани тргнале на планинарење по влечки па едвај преживеале: Спасувачите во Хрватска ги извлекле од стрмните карпи!

Точка

01/07/2019

15:10

1.550

Големина на фонт

а а а

Спасувачите од Хрватската планинарска служба за спасување (HGSS) кај заливот Завратница од неволја ги извлекле двајцата шведски туристи.

Според извештајот од Станицата Госпиќ на HGSS, туристите побарале помош во моментот кога заглавиле кај стрмните карпи и кога немало безбеден пат по кој би можеле да продолжат да се движат кон видиковецот.

Спасителите наведуваат дека од заливот Завратница до видиковецот може да се стигне по пат на означена патека, но дека шведските туристи отишле по друг пат, кога веќе не можеле да се движат ниту напред ниту назад.

Во интервенцијата учествувале двајца спасувачи кои им пришле на Швеѓаните од страна и ги спуштиле до заливот на морето по патот на туристичката патека, а потоа ги однеле до Јабланац.

Како што наведуваат спасувачите, туристите повеќе пати до сега тргнале на планинарење по неадекватна обиколка, таканачерена “крокс и убави сандали“ и на своја одговорност одлучиле да тргнат по неозначениот пат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг