Додека Ким и Трамп разговараа, околу нив настана вистински хаос: Телохранителите ја туркале портпаролката на Белата куќа која завршила со модрици!

Точка

30/06/2019

15:00

7.729

Големина на фонт

а а а

Неколку дена откако станала портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам го пратила претседателот Доналд Трамп на пат во Азија.

Додека Трамп влегуваше во историската средба со Ким во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, Гришам немала толку опуштен ден затоа што добила и неколку модрици.

Дошло до туркање на севернокорејските телохранители и репортерите кои сакале да му се приближат на Трамп и Ким и да го засведочат моментот на ракување.

Тогаш обезбедувањето реагирало и на портпаролката на Трамп која се обидувала да им помогне на американските новинари да ја добијат најдобрата позиција од која ќе ја направат историската фотографија.

Во преносот во живо можеше да се чуе како сите се туркаат и Гришам која им дава упатства на новинарите.

Сето тоа можеа да го видат граѓаните ширум светот кои го следеа ова случување.

„Хаотични сцени од демилитаризираната зона. Фотографката од АП, вика по азиските репортери да се тргнат, Карлсон мирно снима, а Ханан Сален трча наоколу. Трамп се обидува да изгледа достоинствено“.

„Врвот на “лудилото“ е обезбедувањето кое беше претерано затоа што понекогаш и севернокорејските сили се обидуваа да ги блокираат американските новинари. Новата портпаролка даде сè од себе за американските новинари да влезат во Куќата на слободата каде што беа Трамп и Ким, а притоа заработи и модрици“ – напишала некоја новинарка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг