Просекот на години во ова село е 100: Жителите ја откриваат тајната за долговечност

Точка

29/06/2019

20:06

5.991

Големина на фонт

а а а

Ново истражување било спроведено во чилеанскиот регион, кој се наоѓа во јужна Италија, каде што живеат луѓе кои воглавно ја доживуваат подоцнежната возраст.

Сигурно сте слушнале за медитеранска исхрана и нејзините бенефити за здравјето, но тоа не е главната причина поради која жителите на овој италијански регион продолжуваат да уживаат во среќен и продуктивен живот, дури и кога ќе ја надминат 90-та година.


Всушност, нивниот начин на живот се разликува. Некој пуши, некој пие вино, што е далеку од здрав начин на живот, па научниците се запрашале дали постои нешто специфично во животот на испитаниците.

Нивната претпоставка е потврдена.

Истражувачите пронашле 5 вообичаени психолошки карактеристики меѓу учесниците, кои допринесуваат за висок животен век во овој регион на Италија.

Тие психолошки биле далеку посупериорни дури и од младите генерации.

Шефот на истражувањето, Д-р Филип В., рекол: „Главниот заклучок од работата која ја завршивме е дека сите испитаници ги одликува одлично психолошко здравје, кое го постигнале благодарение на позитивноста, напорната работа, тврдоглавоста и силната поврзаност со семејството, религијата и земјата. Факторот кој ги спојува овие луѓе е љубовта кон земјата во која живеат.“


Ова чувство е нивната главна смисла за животот. Повеќето од нив и понатаму работат на тие локации. Тие вака размислуваат: „Ова е мој живот и нема да се откажам.“

За разлика од беспомошните стари лица на кои им е потребна нега и старателство, учесниците на оваа студија се покажале како многу сигурни и способни да донесат самостојни одлуки.

Карактеристиката која ги поврзува е тоа што никогаш не сакаат да се жалат за потешкотиите на кои наидуваат и дека секогаш се трудат на животот да гледаат од позитивната страна.

Позитивниот став кон животот навистина може да направи да доживеете длабока старост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг