И тие плачат после раскинување: Совети на познатите дами како да ги преболите раскинувањата

Точка

27/06/2019

20:45

1.989

Големина на фонт

а а а

Иако изгледа како сѐ да им е прекрасно во животот, познатите дами и тоа како имаат лоши денови.

Тие се како нас. Нешто ги прави среќни, но и ги растажуваат слични работи.

И пејачките, актерките, но и водителките имаат тешки периоди во приватните животи.

View this post on Instagram

@fenty

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

И тие плачат секој пат кога ќе раскинат. Пејачката Ријана, актерката Џенифер Анистон и водителката опра Винфри, се само некои од јавните личности кои отворено зборувале за раскинувањата и дале некои корисни совети.

„Скршеното срце може да биде добар подарок за вас. Ќе платите ако морате, тоа секако нема да биде засекогаш, бидејќи повторно ќе пронајдете љубов и таа ќе биде уште поубава. Во меѓувреме уживајте во сѐ што досега не сте уживале“, им се обратила Ријана на своите фанови на Твитер во 2017-та година.

Најпопуларната водителка на сите времиња, Опра Винфри во интервју за „Vibe“ во 2018-та година рекла дека после раскинување најмногу плачела за жената која била некогаш.

„Раскинувањето ме научи дека морам повеќе да се сакам себеси“, рекла Опра.

Џенифер Анистон во интервју за „Vanity Fair“, во 2005-та година рекла дека постојат неколку фази на тага.

View this post on Instagram

? #jenniferaniston

A post shared by Jennifer Aniston ❄️ (@jenniferanworld) on

„Моментите на тага всушност се добри. И дозволете си ги. Кога ќе се обидете да ја избегнете болката, тоа создава уште поголема болка. Јас сум човечко битие и имав болни искуства, но секогаш гледав да се издигнам над ситуацијата“, рекла Џенифер Анистон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг