Летно освежување за љубителите на алкохол: Џин-тоник сладолед готов за само неколку минути

Кармин

26/06/2019

19:17

2.498

Големина на фонт

а а а

Ако сакате џин-тоник, тогаш рецептот за сладолед од овој пијалок задолжително мора да го пробате. Овој замрзнат десерт е идеален за дружење со пријателите и гостите, а поради една состојка сигурно ќе допринесе добра и весела атмосфера.

Состојки за џин-тоник сладолед:

- 450 мл. тоник;
- 75 мл. џин;
- сок од 1 лимета;
- 100 мл сок од боза;
- неколку тенко исечени кругчиња од свежа краставица и листови мента. 

Подготовка:

Во бокал промешајте тоник, џин, сок од лимета и сок од боза. Истурете ја смесата во 10 калапи за правење мраз од 90 мл., додадете ги парчињата од краставица, листовите од мента и на крајот дрвени стапчиња за држење сладолед. Ставете ги во замрзнувач и оставете го сладоледот да отстои додека не се стврдне.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk