Кому подобро му прилега? Најпопуларната женска комбинација од познат бренд ја носат и мажи!

Кармин

26/06/2019

18:06

2.597

Големина на фонт

а а а

Љубителките на мода во последните месеци се опседнале со овие две парчиња облека од Зара, кои без сомнеж ја носат титулата на најпопуларната комбинација на овој бренд за оваа сезона.

Се разбира, станува збор за жолто сако и широки панталони од колекцијата пролет/лето која многу трендсетерки со воодушевување ја подготвиле во својот плакар.

Впечатливо жолто одело носела дури и 48-годишната холандска кралица, Максима, кога во мај била на посета во една организација.


Меѓутоа, овој женски аутфит им се допаѓа и на мажите. Ховард Доналд, пејачот од британската популарна група „Take That“, го одбрал токму ова одело како една од комбинациите за големата турнеја на бендот.


Досега во ова одело настапил на концертите во Париз и Берлин. „Погледнете го моето жолто женско одело од Зара! Да, добро слушнавте. Тоа го објаснуваат прекратките ракави. Го обожувам“, напишал Ховард на Инстаграм.

Ова парче облека на крајот се покажало како прикладно и за вистински акробации - Ховард во него успеал да направи дури и „шпага во лет“.

За време на концертот на фестивалот „Isle of Wight“, ова жолто одело од Зара го носел и Симон Неил, пејачот и гитарист од шкотскиот бенд „Biffy Clyro“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk