Познатата актерка остро против козметиката на Ким Кардашијан: “Лузните и стриите не се непријатели”

Кармин

26/06/2019

13:40

2.726

Големина на фонт

а а а

Новите производи на Ким Кардашијан предизвикаа негативни реакции кај познатата актерка, која смета дека тие негативно влијаат на самодовербата кај жените.

Џамела Џамил бурно реагирала на козметиката на Ким, велејќи дека одбива да ги смета лузните и стриите за свои непријатели. 

Ким Кардашијан објавила видео од својата нова пудра, со која го прекрива целото тело од глава до пети. Актерката го објавила своето несогласување на Твитер профилот и споделила низа објави за лузни кои се добиваат на разни начини со цел да покаже дека не е во прашање нешто од кое треба да се срамиме.

“Господе, колкава работа е сето тоа да се отстрани пред спиење, за да не се уништи постелнината. Попрво би се помирила со многубројните стрии и егземата. Само отстранувањето на маскарата доволно ме заморува. Затоа заштедете пари и опуштете се”, напишала Џамил.

##https://twitter.com/jameelajamil/status/1143214714568073216##

Џамела објаснила дека има егзема, стрии и лузни поради синдромот наречен Елерс-Данлос и дека тоа се “нормални човечки лузни” кои не треба да бидат озлогласени.

Актерката која ја знаеме од серијата “The Good Place” додала дека жените се учени да го мразат своето тело и дека е време да научат да се прифатат себеси онакви какви што се, пишува “Standard”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk