ИКЕА им овозможи на купувачите да го дизајнираат својот совршен кауч, резултатите ги насмеаа сите

Точка

26/06/2019

12:37

2.512

Големина на фонт

а а а

Шведскиот ланец на мебел, ИКЕА, ги препознал потребите на луѓето за совршен кауч, па затоа на купувачите им дозволил да го дизајнираат според сопствените потреби и желби. Резултатите ги насмеале Швеѓаните, но и голем број од корисниците на интернет.

Користејќи посебен алат по пат на официјалната страна на шведскиот гигант, купувачите дизајнирале разни каучи, софи и фотелји, од оние гигантските до комплицирани за кои најмногу сонуваат сопствениците на помали станови.

Многумина најмногу ги насмеаа огромните каучи и оние затворените кои изгледаат како базени.

Како што забележале од ИКЕА, сè повеќе љубители има за каучи составени од повеќе делови и без наслони, како и оние без високи ногалки кои се полесно преносливи.

ИКЕА, е меѓу првите производители на мебел, уште од шеесеттите години. Ги измисли столовите и каучите со рамни подлоги, без ногалки за да се заштити подлогата од уништување при пренесување на мебелот. Денес овој систем на произведување мебел е познат насекаде низ светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг