Марамчињата за отстранување шминка ги обожуваат милиони жени ширум светот. Иако самиот опис на производот имплицира потреба за секојдневна благодарност до оние кои се сетиле да ги направат, експертите предупредуваат дека марамчињата за отстранување шминка во никој случај не треба да бидат дел од вашето секојдневие.
Односно, тие можат да послужат исклучиво како вовед во темелното чистење на лицето, какво што ѝ е потребно на вашата кожа.
Она што повеќето жени не го знаат е дека марамчињата всушност ги размачкуваат честичките од мејкапот по лицето и ги втриваат во порите, заедно со хемикалиите кои ви го “исчистиле“ лицето. Освен тоа, многу марамчиња содржат и алкохол па можат дополнително да ја надразнат и исушат кожата на лицето.
Препораката на дерматолозите е да ги избегнуваат марамчињата токму поради нивниот состав, а ако ги користите, задолжително темелно исчистете го лицето после употребата на производите за чистење на лицето и задолжително измијте го со млака вода, а потоа нанесете крема за хидратација.
Можеби овој ритуал ќе ви изгледа премногу комплициран во сите оние моменти после две непроспиени ноќи, неколку пијачки повеќе или кога сте хронично изморени, но еден ден кожата ќе ви биде благодарна.