Најдоброто место за страсно водење љубов е...

Точка

25/06/2019

15:15

4.996

Големина на фонт

а а а

Како прва асоцијација кога посакуваме да размениме нежност со нашиот партнер, каде би можеле да го направиме тоа, на многумина им текнува на спалната соба. Сепак, според мислењето на експертите тоа баш и не оди така.

Обидете се да ја вклучите вашата фантазија, како и фантазијата на вашиот партнер. Секогаш бидете расположени за нови места и нози пози. Доколку сакате да воведете нешто ново и “играта“ да ја подигнете на повисоко ниво тогаш мора да размислувате надвор од вашите секојдневни можности. Излезете од вашата спална соба.

Експертот за менопауза и либидо, доктор Шазади Харпер тврди дека кујната е најдоброто место во куќата за водење љубов. Иако можеби сите на прв поглед би се откажале од ова место, затоа што во прашање се става хигиената, Харпер тврди дека сексот во кујната има една голема предност за разлика од онаа во кревет. Многу е подобро за согорување на калориите.


„Кујната е најдобриот простор за секс, а кујнската маса секогаш е пријатна подлога“ - вели Харпер. Тој открива и која е најдобрата поза за ените кога станува збор за трошењето калории:

„Мажот седи на стол, а жената седи на него со раширени нозе и со лицето свртена кон него. Жената во таа поза може да согори најмногу калории“.

Со години се води полемика за тоа дали и колку калории може да се потрошат во текот на сексот. Некои проценуваат дека за 30 минути можат да се потрошат и до 150 калории, колку што се трошат за 15 минути трчање. Сепак тоа не значи дека треба да престанете да трчате, затоа што сексот не е подобар од тоа.

Во спроведеното истражување, споредени се калориите кои се трошат во текот на половиот однос и во текот на трчањето. Утврдено е дека трчањето е многу повеќе делотворно, дека повеќе калории се трошат во текот на трчањето и дека килограмите рамномерно се губат.


Жените во текот на трчање од 30 минути во просек согоруваат 213 калории, а мажите 276 калории. Меѓутоа, во текот на сексот кој трае околу 30 минути, мажите согоруваат 101 калории, а жените 69 калории, што во просек е околу 3.6 стопени калории во една минута.

Сепак, колку калории ќе изгубите зависи од различните “активности“ во текот на сексот, фантазиите, раличните пози и нивни комбинации, како и времетраењето на ово страстен чин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг