И во машка облека изгледа неверојатно секси: Ким Кардашијан повторно одзема здив

Кармин

25/06/2019

15:01

2.411

Големина на фонт

а а а

Веќе е добро познато дека Ким е таа која ги наметнува модните трендови, колку и тие да ви изгледаат неверојатни.

И додека во последните неколку години повеќе сакавме да се облекуваме во облека која ја истакнува нашата фигура, минатата и оваа година главниот фокус премина на предимензионални парчиња кои може да ги најдеме во машките ормани.

Иако обожува да ги покажува своите бујни облини, Ким не му одолеала на трендот со машки одела, па така на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која носи предимензионално одело кое многу лесно би можело да се замени за машко и кое во целост ја покрива фигурата на женското тело.

Но, и покрај тоа што не е разголена, старлетата изгледа многу женствено и храбро во него, а дополнителна доза елеганција ѝ дале штиклите со примерок од змијска кожа.

Ким на фотографијата носела и очила за сонце, со кои, сигурно ќе се согласите дека постигнала изглед на вистинска дама. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk