Бесен одговор на Иран после најновите санкции: Тие се ментално ретардирани!

Точка

25/06/2019

18:22

2.605

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Иран, Хасан Рохани ги отфрли најновите санкции кои Американците му ги воведоа на иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи.

Рохани за време на говорот, кој во живо беше пренесуван од иранската државна телевизија, функционерите од Белата куќа во Вашингтон ги нарече „ментално ретардирани“, а тоа е навреда која иранските власти и порано ја користеа при опишувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранскиот претседател истакна дека последните мерки на Вашингтон се знак на очај на САД и додаде дека санкциите против Хамнеи нема да делуваат затоа што иранскиот врховен верски лидер не поседувал имот во странство.


„Постапките на луѓето во Белата куќа значат дека тие се ментално ретардирани. Стратешкото трпение на Иран не значи дека ние се плашиме“, порача Рохани.

Од друга страна, после најновите санкции, се огласи и советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон кој порача дека ваквиот притисок на Вашингтон врз Техеран ќе ги натера Иранците да седнат на преговарачката маса.


„Или ќе ја сфатат поентата или... ние едноставно ќе ја зголемиме кампањата на еден максимален притисок. Мислам дека тоа ќе биде една комбинација на санцкии и други притисоци кои ќе ги натераат Иранците да седнат на преговарачката маса“, порача Џон Болтон после средбата со неговите израелски и руски колеги во Ерусалим.

Болтон уште еднаш нагласи дека „сите опции се на маса“ доколку Иран ја премине границата со збогатување на ураниумот, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за преговори и се што треба Иран да направи е да помине низ отворената врата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг