Американката ја фарбала косата два пати месечно, а кога престанала, на 37 години, и ја пуштила својата природна, седа коса, се чувствувала подобро и многу попривлечно. За тоа напишала и книга.
На 43-годишната Сара Ајзенман од Аризона косата почнала да и белее кога имала само 21 година, речиси преку ноќ. Веднаш почнала да ги крие белите влакна со редовно фарбање, на секои две недели, за никој да не ги забележи првите знаци на стареење.
Кога пред седум години го родила второто дете, поради обврските не стигнувала толку да се грижи за косата, па едноставно на другите работи почнала да им дава поголема важност. Нејзината природна боја наеднаш - заблескала. Откако престанала да се фарба, се чувствува посекси од било кога.
На опсесивното прикривање на седите корени на косата сега само се насмевнува, но вели дека тие 15 години чувствувала ужасен срам ако се покажело само едно бело влакно. Дури неколку часа пред пораѓањето со спреј за коса малку ја освежила својата црна боја.
Неврологот и авторка на неколку книги, вели дека сега го прифаќа својот природен изглед, кој со години се обидувала да го сокрие, а целосна поддршка добива од својот сопруг Ханан.
"Повеќе не можев да и робувам на кутијата со фарби, а животот со децата ми стана поважен од се друго", вели таа. Пријателите ја уверувале дека ќе изгледа како вештерка, но прогнозата се покажала како погрешна.
"Наеднаш сфатив дека мојот срам во врска со косата е поврзан со други работи кои се кријат, а се базирани на социјалната индоктринација. Покажувањето на мојата седа коса всушност беше целосно ослободување од тој срам и радикална подготвеност да бидат тоа што сум и да бидам слободна", вели Сара.
Прво почнала да носи облека која секогаш сакала да ја носи, аво нвои бои, си играла со нови нијанси на шминка, користела разни траки за коса и шалови. Додека останатите мајки се вртеле по неа, негативните луѓе ги одминувала, а животот и станал пожив и позабавен од било кога.
Свесна е дека нејзината прекрасна коса предизвикува многу реакции, но и покрај тоа, повеќето коментари се позитивни. Луѓето некогаш и приоѓаат бидејќи сакаат да ја допрат нејзината коса. Се чувствува подобро од било кога.
Кога излегува од домот, денес се среќава со пофалби од други жени. "Се чувствувам како мојата коса да е симбол на природна убавина и слобода", додава таа.