Државјанин на Полска е осуден на дури 14 години затворска казна во Русија, поради обид да дојде до посед на тајните компоненти од против-воздушниот ракетен систем „С-300“.
„Странецот бараше можности да дојде во посед на тајните компоненти на против-воздушниот систем „С-300“, со цел незаконски да ги пренесе во Полска“, стои во соопштението на руското министерство за внатрешни работи.
Полскиот државјанин бил уапсен од руските власти во моментите кога се обидувал да склучи договор за набавка на тајните компоненти на моќниот ракетен систем.
Осуждённый гражданин Польши пытался получить секретные данные о С-300 https://t.co/AkOctbdU1G pic.twitter.com/HfhycE7ibh
— RT на русском (@RT_russian) June 25, 2019
„Истрагата потврди дека лицето Радзаевски М. работи за полска организација која е водечки дистрибутер на националните вооружени сили и специјалните служби“, порачаа од руски „ФСБ“ после апсењето на лицето.
Московскиот градски суд набрзо после апсењето го осудил полскиот државјанин на 14 години затворска казна кој меѓу другото е обвинет за шпионажа.