Раниери ја посакува клупата на Њукасл

Макфакс

25/06/2019

14:01

283

Големина на фонт

а а а

Клаудио Раниери имал желба да ја преземе менаџерската функција во Њукасл објави „Скај Спорт“. Раниери е без работа откако ја напушти Рома.

Клаудио Раниери творецот на чудото од Лестер, дел од минатата сезона ја мина на клупата на Фулам во Премиер лигата, а потоа се пресели во Рома. Со екипата од Рим не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.

Сега тој изразил желба повторно да работи во Премиер лигата и тоа во Њукасл. Овој клуб доби нови сопственици, а од вчера е без тренер откако си замина Рафа Бенитез.

Покрај Раниери со клупата на Њукасл се поврзуваат уште неколку имиња, а според италијанските медиуми прв фаворит е Жозе Мурињо. Покрај Португалецот се шпекулира и со имињата на Микел Артета кој му е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, поранешниот тренер на Милан Џенаро Гатузо и поранешниот тренер на Челси Авран Грант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг