Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 5-ти јули

Макфакс

25/06/2019

12:20

1.068

Големина на фонт

а а а

Денешното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Во случајот „Титаник“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг