Арапите сè послободни: Младите се нерелигиозни и без предрасуди

Точка

25/06/2019

11:44

1.610

Големина на фонт

а а а

Многу Арапи тврдат дека не се религиозни, стои во резултатите од најголемата и најдлабока анализа спроведена во последно време на Блискиот исток и во Северна Африка.

Овој наод вклучува и податоци за тоа што Арапите мислат за широкиот спектар на табу теми поврзани за тоа подрачје, тргнувајќи од женските прави и миграцијата, па се до безбедноста и сексуалноста. 

За потребите на истражувањето арапската истражувачка мрежа "Барометар" испрашала повеќе од 25.000 луѓе. Оваа анкета е спроведена во десет земји, а и на палестинската територија од крајот на 2018-та до пролетта 2019-та година.

Од 2013-та година бројот на луѓе во регионот кои се идентификуваат како "нерелигиозни" пораснал од 8 на 13 проценти. Порастот е најголем кај луѓето помлади од 30 години, меѓу кои дури 18 проценти се истакнуваат како нерелигиозни. Само Јемен имал пад во оваа категорија, пренесува "BBC".

Исто така, повеќето луѓе ширум регионот го поддржуваат правото на жените да станат премиерка или претседателка. Исклучок е Алжир, каде помалку од 50 проценти од испитаниците се согласиле дека е прифатливо да имаат жена како шеф на државата.

Меѓутоа, кога станува збор за семејниот живот, повеќето, вклучувајќи и голем број на жени, веруваат дека мажите секогаш мора да имаат конечен збор во семејните одлуки. Во Мароко речиси половина од населението сметаат дека мажот секогаш треба да биде последен носител на одлуки.

Интересно е да се истакне и тоа дека прифаќањето на хомосексуалноста варира од земја од земја, но може да се каже дека генерално оваа појава е неприфатлива. Во Либан, иако има репутација на полиберална држава од своите соседи, само шест проценти од населението смета дека истополните врски се прифатливи.

На секое од анкетираните подрачја на Блискиот исток претседателот на САД, Доналд Трамп, е ставен на последно место кога станува збор за популарноста на светските лидер. Наспроти тоа, на 7 од 11 испрашани места, половина или повеќе анкетирани би поздравиле доаѓање на турскиот претседател Речеп Тајип Ердоган.

Интересно е тоа дека Либан, Либија и Египет ја ставиле политиката на Путин пред политиката на Ердоган.

Безбедноста останува грижа на многумина на Блискиот исток и во Северна Африка. На прашањето кои земји претставуваат најголема закана по нивната стабилност и национална безбедност, САД се идентификувани како втора најголема закана во регионот. Прв е Израел, додека Иран е на трето место.

На секое испрашано место истражувањата покажале дека барем едно од пет лица размислува за заминување од земјата, а во Судан е најкритична ситуацијата по ова прашање. Економските причини во голема мерка се наведени како главен фактор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг