„Мамо ти си мојот херој, тато не си тука“: Емотивниот Грк ја расплака целата сала по доделувањето на МВП наградaта!

Точка

25/06/2019

10:31

3.454

Големина на фонт

а а а

Јанис беше во солзи по приемот на неговото признание. Грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо, по блескавата сезона во Милвоки освои МВП награда за најкорисен играч во НБА лигата, а во текот на приемот на признанието одржал емотивен говор кој го расплакал и него, но и сите присутни.

Ѕвездата на Милвоки прво зборувал за мотивите кои го довеле до оваа титула.

„Пред две години имав цел во својата глава, а тоа беше дека ќе бидам најдобар играч во лигата. Ќе направам сè што е потребно за мојот тим да победи и да бидам МВП“ - изјавил Јанис, а потоа ја здогледал мајка му во публика:

„Таа е мој херој. Кога си мало момче не ја гледаш иднината. Доколку имаш добар родител, тој ја гледа иднината наместо тебе. Таа секогаш го гледаше тоа во нас, секогаш веруваше во нас, секогаш беше тука за нас. Таа е основата на нашето семејство. Ти си мојот херој“ - изјавил кошаркарот.

##https://twitter.com/NBA/status/1143362988629532673##

Во продолжение, низ солзи, грчкиот кошаркар со многу емоции зборувал и за неговиот татко кој починал во 2017-та година, а кој е една од причините за неговата успешна кариера.

„Исто така и мојот татко. Сакам да му се заблагодарам. Очигледно, тој денес не е со мене. Секој ден кога чекорам по паркетот секогаш мислам на него и тоа ме мотивира да играм уште посилно и да напредувам дури и кога ќе почувствувам замор и не ми е денот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг