Заморано: Постои еден играч кој Флорентино треба да го купи со затворени очи!

Дерби

25/06/2019

10:29

1.230

Големина на фонт

а а а

Иван Заморано е легендарен чилеански напаѓач кој во своите најдобри играчки денови го носеше и дресот на Реал Мадрид, а со оглед на тоа што во посебно добро сеќавање му се етапите во „кралскиот клуб“ и Интер, незаборавниот голгетер дефинитивно знае како да привлече внимание со своите изјави за овие два клуба.

Заморано доста ретко се истакнува со свои изјави во јавноста, но овојпат го сврте вниманието на себе бидејќи испрати директен трансфер совет до Флорентино Перез, или поточно само дополнително изврши притисок врз претседателот за играчот кој сите фанови на Реал сакаат да го видат на „Сантијаго Бернабеу“.

– Има еден играч кој Флорентино треба да го купи со затворени очи. Секако дека тоа е Мбапе. Тоа е играчот кој ќе ја направи главната разлика во Реал Мадрид. Би дал се што имам Мбапе наредната година да игра во Реал Мадрид. Не треба да се штеди воопшто за таков играч, – потенцира Заморано во интервјуто за „ЕФЕ“ во Рио де Жанеиро, а потоа се осврнува и за првите потези кои ги повлече Зидан ова лето.

– Мислам дека на Реал му беше потребна ваква радикална промена, Зидан ги презема работите во свои раце. Со актуелните засилувања и со уште неколку што ќе следат, ќе имаме тим кој ќе се бори за се, – заклучува Чилеанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг