Бенитез бесен и разочаран: Дознал за разделбата со Њукасл на најлош начин, не е исклучен и бојкот

Дерби

25/06/2019

10:06

1.029

Големина на фонт

а а а

Њукасл вчера изненади најголем дел од јавноста откако пренесе дека Рафаел Бенитез повеќе нема да биде тренер на првиот тим, со напомена дека меѓусебната соработка ќе заврши оваа недела кога фактички му истекува последниот ден од актуелниот договор кој траеше три години.

Искусниот шпански стручњак стана миленик на фановите на Њукасл и никој не очекуваше вакво сценарио, а колку всушност ситуацијата е чудна во клубот најдобро ни опиша Алан Ширер кој остана вџашен од одлуката на раководството. Бордот предводен од Мајк Ешли во своето појаснување нагласи дека веќе извесно време не успеале да пронајдат заеднички јазик со Бенитез, а последните вести кои пристигнуваат од Англија ни откриваат дека односот меѓу претседателот и тренерот до толку се влошил, што Рафа за своето заминување од клубот дознал од близок пријател.

– Бенитез е лут, бесен и разочаран. Поради ова сценарио, не е исклучен бојкот од навивачите на „Ст. Џејмс парк“, – открива близок извор на Бенитез за „Дејли меил“.

Поранешниот тренер на неколку европски великани ги освои симпатиите на фановите на Њукасл поради тоа што со прескромен буџет успеваше да го остави тимот во сигурната зона, а откако сега побара значителна финансиска инјекција од претседателот за правење чекор напред, следеше ова сценарио кое комплетно ги налути навивачите на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг