Зад едно од омилените летувалишта на луѓето се крие неверојатна приказна за “Одмаздата на сестрите“

Точка

25/06/2019

10:06

2.842

Големина на фонт

а а а

Анталија е главен град и центар во истоимениот регион, но исто така и економски, индустриски, културен, образовен и туристички центар во ова подрачје. Анталија се наоѓа во самиот центар на Анталискиот залив во крајбрежната рамнина која од едната страна граничи со Средоземното море, а од другата страна со планинскиот венец Таурус.

Во Анталија живеат околу 2.200.000 луѓе, а регионот се протега од летувалиштето Кемер, преку градовите Анталија, Белек, Сиде до Аланија.

Доколку досега Анталија не ве привлекуваше тогаш ќе споменеме уште неколку работи кој го прават овој град единствен.


Целокупниот централен дел на градот е разубавен со прекрасни паркови, како на пример Каралиолу, Ататурк, Дуден или Фелез. На делот од плажата Лара, блиска до самиот центар на градот, се наоѓа фасцинантниот музеј на песочни фигури. Таму секоја година се одржува фестивалот за песочни фигури на различна тема, па така може да забележите фигури од Кемал Ататурк, Тројанскиот коњ, Мачу Микчу, Римскиот колосеум и многу друго.

Уметниците од целиот свет ги претставуваат своите дела кои ги маѓепсуваат посетителите, особено навечер кога тој простор е преубаво осветел што на сето тоа му додава дополнителна димензија.


Низ центарот на граот тече реката Дуден која во морето се влева преку истоимениот, фасцинантен водопад. Овој водопад е со ширина 20 метри и висина 40 метри. Тој им го одзема здивот на посетителите и претставува една од најголемите атракции во градот.


Со Анталија се поврзуваат и некои интересни приказни.

Во овој дел на Турција постоел обичај, татковците на своите ќерки да им остават наследство, парцела покрај море, а на синовите плантажи со портокали. Многу децении подоцна, со развојот на туризмот, наследничките на парцелите ги продале своите имоти за голема сума пари, додека пак наследниците синови сè уште собираат портокали. Оваа приказна во Анталија е позната како “Одмазда на сестрите“. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг