Легендарниот Ширер лут после заминувањето на Бенитез: Некој мора да објасни што се случува

Точка

25/06/2019

11:06

1.050

Големина на фонт

а а а

Рафаел Бенитез вчера потврди дека ќе ја напушти тренерската функција во Њукасл, по што целата ситуација за англиските медиуми ја прокоментира легендарниот напаѓач Алан Ширер.

Ширер не го крие своето незадоволство од тоа како се одвиваат работите во клубот и ги обвини сопствениците на Њукасл дека лошо ги имаат подредено приоритетите.

„Тренер од светска класа не може да си замине поради ништо. Но, единствената работа која што ние ја слушнавме од клубот е – „ние ги зголемуваме цените на билетите за пет отсто“. Зошто никој не излегува да каже каква е ситуацијата со Рафа Бенитез, како и околу тоа кој ќе биде неговиот наследник“, изјави Ширер и додаде:

„Каде е почитувањето за илјадниците навивачи? Тие се таму подолго од Мајк Ешли и ќе бидат долго откако тој ќе си оди. Тие заслужуваат многу подобро затоа што се најдобрите навивачи во земјата. Ништо повеќе не ме изненадува во Њукасл“, изјави Ширер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг