Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане моментално настапува за репрезентацијата на Сенегал на африканскиот Куп на нации.
Сенегалецот има одлична сезона зад себе во дресот на Ливерпул и е предводник на репрезентацијата на Сенегал. Тој за тамошните медиуми изјави дека би ја заменил титулата од Лигата на шампионите за титулата во африканскиот Куп на нации со Сенегал.
„На нам ни останува да направиме нешто големо. Секако дека сме меѓу фаворитите, не можеме да се сокриеме од тоа. Но, само размислувањето не е доволно за да стигнете до крајот“, изјави Садио Мане и додаде:
„Победата со мојата земја, која никогаш го нема освоено африканскиот Куп на нациите би била величенствена. Дури сум подготвен да ја заменам титулата од Лигата на шампионите за да ја освојам титулата во африканскиот Куп на нации. Враќањето во Дакар би било неверојатно. Ова е мојот најголем и најлуд сон“, изјави Садио Мане.