Жителите на германскиот град Остриц на многу необичен начин решиле да се спротивстават на одржување на фестивал во тоа место.
Противниците на неонацистичкиот фестивал во овој источен германски град во саботата на несекојдневен начин организирале протест. Имено, жителите го купиле сето пиво во тоа место.
Оваа акција следела откако полицијата забранила алкохол на екстремно десничарскиот фестивал “Schild und Schwert Festival” во хотел во кој се собрале околу 600 неонацисти во петокот и саботата.
Полицијата во петокот на учесниците на фестивалот им запленила 4200 литра пиво, а во саботата уште 200 литри.
На улиците на овој град, 300 луѓе мирно марширале во знак на протест против фестивалот, а локалните жители се организирале и купиле повеќе од 100 гајби пиво од сите продавници во околината, за да го спречат одржувањето на неонацистичкиот фестивал.