Попладнево на повеќе места низ земјава е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивна нестабилност со појава на град има во југоисточните делови (Струмица, Радовиш), како во Пелагонија (Прилепско), велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во моментов нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град, ја зафаќа и Скопската котлина. Процесите засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град.
Нестабилно ќе се задржи и до крајот на денот, на повеќе места и понатаму со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси, засилен ветер и појава на град.