Невил: Во мојот тим играчите беа поделени во три групи, во овој Јунајтед не постои најглавната!

Дерби

24/06/2019

20:30

2.166

Големина на фонт

а а а

Гери Невил редовно ги коментира сите случувања во Премиер лигата, но со оглед на тоа што тој е дел од најуспешната етапа на Манчестер Јунајтед во историјата на клубот, секогаш најисцрпните анализи ги прави за тимот кој се соочува со исклучително големи проблеми по заминувањето во пензија на Сер Алекс Фергусон.

Јунајтед никако не може да ја пронајде потребната стабилност и ниту еден тренер не доби континуитет каков што уживаше легендарниот Сер Алекс, па сега на ред дојде Оле Гунар Солскјер кој за разлика од претходните стручњаци, има убедливо најголема поддршка од фановите, но и од легендите како Гери.

Невил го осоколи Солскјер да ги преземе потребните мерки и да ги отстрани сите оние играчи кои смета дека не заслужуваат да го носат црвениот дрес, а истовремено направи интересна споредба за некогашниот Јунајтед и овој денеска.

– Кога јас играв фудбал, во Јунајтед секогаш постоеја три групи. Чувари, средна група на играчи и млади играчи. Кога јас започнав во тимот, имаше играчи како Пол Инс и Рој Кин и еден погрешен пас со нив беше еднаков на кривично дело. Тогаш тие беа чуварите, а овој Јунајтед сега нема чувари во тимот. Има добри професионалци, тоа е Мата, Ерера додека не си замина и МекТоминеј кој се гледа дека е фудбалски воспитан. Сепак, не гледам дека некој од нив може да понесе голем товар во соблекувалната и да доминира над другите, а тоа е голем проблем. Во секој фудбалски тим во кој нема чувари за да даваат пример и да имаат влијание, настанува голем проблем и тука мора да следи „чистка“. Многу го сакам Оле и го охрабрувам. За секој оној кој мисли дека не е кадар за Манчестер Јунајтед, веднаш нека се ослободи од него. Мора да ги подели играчите на две групи. На оние на кои смета и на оние кои не смета за новата сезона, – истакна Невил за време на обраќањето на „Soccer Science“ конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг