Десаи ги откри плановите на Зидан: Новитет нема да бидат само засилувањата!

Дерби

24/06/2019

18:10

2.034

Големина на фонт

а а а

Изминатава вечер на „Сантијаго Бернабеу“ се одигра хуманитарен „Класик меч“ на кој силите ги одмерија легендарни фудбалери на Реал Мадрид и Челси, а иако конечниот епилог беше во втор план, „кралевите“ на крајот славеа со 5:4.

Во ситуација кога многу познати фудбалски имиња од минатото беа присутни во Мадрид, угледниот весник „Марка“ го избра Марсел Десаи како идеален соговорник за случувањата во Реал, бидејќи навистина добро го познава Зинедин Зидан кој ќе има голем предизвик во новата сезона.

– Новитет нема да бидат само засилувањата. Најважно е што Зидан сака да креира нова динамика, сака да вметне нов стил на игра, своја филозофија. Јасно е дека ќе се откаже од одредени играчи кои имаат голем потенцијал, но кои не му вредат во новиот проект. Прифати да се реадаптира на нов проект, а добро е што ќе останат играчи со големи квалитети. Крос и натаму е многу добар, Касемиро исто така. Тие само ќе добијат стимулација со новите играчи, но ќе има и нов систем со кој Реал Мадрид повторно ќе аспирира на највисоки дострели, – вели Десаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг