Google се откажа: Конкуренцијата ги прегази, повеќе нема да се произведува овој геџет...

Точка

24/06/2019

17:45

1.804

Големина на фонт

а а а

Последниот адут на американскиот технолошки гигант, Pixel Slate потфрли на пазарот и ги увери во Google повеќе да не се обидуваат да се наметнат на пазарот каде што веќе доминираат други компании.

Google одлучи да го напушти пазарот на таблети, потврдувајќи дека оваа година нема да го видиме наследникот на таблетот Pixel Slate. Според американскиот гигант, главниот фокус на компанијата оваа година ќе биде развојот на лаптопите.

Да потсетиме, Google го претстави Pixel Slate во ноември 2018-та година, за еден месец подоцна таблетот да се најде во продажба по цена од 599 долари за основниот модел.

Иако стануваше збор за уред со одличен екран, тој и натаму беше прескап во однос на Chromebook и таблетите на конкуренцијата, а беше тежок и корисниците се жалеа на „мал милион“ багови.


Инаку, неодамна се појавија гласини дека Google развива два помали таблети, но очигледно е дека од компанијата веќе донеле одлука да се повлечат од овој пазар и да се сконцентрираат на развојот на класичните преносни компјутери.

„Што се однесува до нашата работа на полето на хардверот, ние ќе се сконцентрираме само на Chrome OS лаптопите и ќе продолжиме да го поддржуваме Pixel Slate“, стои во официјалното соопштение на Google.



Спонзорирани линкови

Маркетинг