Хорор после лет во авион: Жена заспала во кабината, а кога се разбудила не можела да поверува што гледа

Точка

24/06/2019

16:35

7.883

Големина на фонт

а а а

Главниот извршен директор на „Air Canada“, изјавил дека го испитува случајот кога екипажот оставил во кабината на авионот една патничка која останала таму после слетувањето, бидејќи заспала.

Имено, по слетувањето на аеродромот во Торонто, една патничка сама се разбудила во кабината на авионот во целосен мрак, пренесува ВВС.

„Мислев дека имам кошмар. И самата се прашувам како се случило тоа“, напишала Тифани Адамс на 9-ти јуни во порака на Фејсбук.

Опишала дека се разбудила „околу полноќ“ во целосен мрак и ладна кабина.

Потоа се обидела да ја повика преку телефон својата пријателка Дијана Дејл, но мобилниот телефон се исклучил после една минута разговор.

Батеријата била празна, а во кабината на авионот немало струја за повторно да го наполни. Тоа уште повеќе ја исплашило, па во кабината на пилотот побарала токи-воки. Кога го нашла, сфатила дека и тој уред не функционира.

Несреќната патничка потоа се сетила дека може да ја искористи батериската светилка која ја нашла во кабината и почнала да испраќа SOS сигнали, вклучувајќи ја и исклучувајќи ја светилката. Но, ниту тоа никој не го забележал. На крајот успеала да ја отвори вратата од пилотската кабина и да повика помош.

Во меѓувреме, нејзината пријателка Дијана Дејл се јавила на аеродромот „Toronto Pearson“ и ги известила дека во авионот има една патничка.

Тифани Адамс „пронашла“ работник кој ги вози количките со багажот и ѝ помогнал да излезе од авионот.


Адамс рекла дека од „Air Canada“ по доаѓањето во зградата на аеродромот ѝ понудиле превоз со лимузина и ноќевање во хотел, но таа одбила, велејќи дека сака што побрзо да се врати дома.

На новинарите им рекла дека сè уште има ноќна мора и потешкотии со спиењето. „Едвај заспивам, а и кога ќе заспијам, се будам во страв дека сум заклучена во некој мрачен простор“, рекла таа.

Авиокомпанијата повеќепати ѝ се извинила на патничката за пропустот и ѝ ветила дека ќе го истражи случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг