Поради протест утре наутро посебен режим на сообраќајот во Скопје

Нетпрес

24/06/2019

16:17

1.480

Големина на фонт

а а а

Утре поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот “Србија“ со булеварот “Борис Трајковски“ во времето од 07:00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот “12-та Македонска Бригада“, булеварот “Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.

- Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг