Џесика Алба заблеска во тоалети кои се сон на секоја романтична душа

Точка

24/06/2019

15:58

1.496

Големина на фонт

а а а

Преубавата актерка и сопственичка на бјути бренд, во последно време не ги соблекува лелеавите летни фустани.

Не направила исклучок дури ниту за промовирање на својата сопствена линија на козметика „Honest Beauty“, во една позната дрогерија, каде во два наврати се појавила во прекрасни фустани со миди должина во кои изгледала беспрекорно.


Алба најпрво заблескала во фустан со кајсија боја, на која се потпишува познатиот дизајнер Гиамбатиста Вали, а со неа искомбинирала сандали со висока потпетица во беж боја, чанта, пристоен накит и полуподигната фризура со лесни бранови, која ѝ дала романтичен шик изглед.


Потоа се појавила во бел фустан со балон ракави кои се голем тренд оваа година, а со него искомбинирала зелена чанта, кафени сандали и впечатливи обетки. Косата ја стилизирала во лесни бранови и патец на страна, по кој е позната во изминатите неколку години.

Кое издание повеќе ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг