Иран по американските сајбер-напади: Ниеден удар не успеа! 33 милиони сајбер-напади одбивме само минатата година

Точка

24/06/2019

21:58

4.089

Големина на фонт

а а а

Иран денес соопштил дека не претрпел никаква штета од сајбер-нападот на своите одбранбени системи кои, според наводите на американските медиуми, ги извеле САД.

"Медиумите прашуваат за вистинитоста на наводните хакарски напади на Иран. Морам да кажам дека ние одамна се соочуваме со сајбертероризам и унилатерализам од САД", навел денес на Твитер иранскиот министер за телекомуникација, Мохамед Џавад Азари-Џароми. 

Тој навел и дека "ниеден напад не успеал иако во тоа се вложуваат многу напори" како и дека минатата година новиот систем за информатичка заштита "спречил не еден, туку 33 милиони напади".

Американските медиуми во саботата пренеле дека САД започнале хакерски напади на иранските системи за лансирање на проектили и шпионската мрежа, два дена откако Иран на 20-ти јуни го соборил американскиот дрон.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по соборувањето на дронот во последен момент ја повлекол наредбата за удар на Иран и наместо тоа одобрил контрамерки во вид на хакерски напади, пишувале тогаш медиумите.

Американското министерство за одбрана не ги коментира овие наводи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг