Прва роботска рака која се контролира само со помош на умот

Точка

24/06/2019

15:37

397

Големина на фонт

а а а

Оние кои придвижуваат некоја роботска рака и сакаат да ја контролираат со помош на умот, моментално имаат две опции - или можат да вградат мозочен имплант кој овозможува константна и стабилна контрола над роботот, или можат да ја заобиколат ризичната операција и да се одлучат за уред кој ги чита мозочните бранови, но дава контрола која се уште не е прецизна.

Тимот од Универзитетот "Carnegie mellon" одлучил да го намали јазот меѓу овие две опции, па ја креирал првата роботска рака која се контролира само со помош на умот, со што човештвото се доближува до иднината во која технологијата ќе може да се управува само на овој начин. 

Во извештајот кој излегол во списанието "Science Robotics" научниците ја опишале комбинацијата од интуитивни технологии, односно машинско учење со чија помош го креирале мозочно-компјутерски интервејс BCI, кој може да фати сигнали длабоко во мозокот, а во случаи кога испитаниците носат EEG капи.

Во текот на тестирањето од субјектите барале со рака да управуваат така што ќе го следат курсорот кој се појавувал на екранот, а се покажало дека раката оваа задача секогаш ја вршела прецизно и без одложување, пренесува "PC Press".



Спонзорирани линкови

Маркетинг