Хамес: Не знам каде ќе играм идната сезона

Точка

24/06/2019

16:01

407

Големина на фонт

а а а

Хамес Родригез моментално настапува со репрезентацијата на Колумбија на Копа Америка и практично на секоја средба со новинарите го добива истото прашање – каде ќе настапува идната сезона?

Откако Баерн Минхен потврди дека нема да го откупи договорот на Колумбиецот, а Зидан откако стана јасно дека Зидан нема да смета на неговите услуги во Реал Мадрид, стана јасно дека Хамес Родригез ќе мора да побара нов клуб. Засега најзаинтересирани за неговите услуги се Наполи, а Хамес вели дека не знае каде ќе игра идната сезона.

„Навистина не знам акде ќе играм идната сезона. Сега само мислам на Копа Америка. Морам да останам смирен и фокусиран во дресот на Колумбија. Дали ќе одам во Наполи, зависи од договорот на клубовите. Луѓето во клубот работат околу тоа и јас немам што да направам од овде“, изјави Хамес Родригез.

Новинарите исто така го запрашаа Хамес дали Зидан разговарал со Хамес околу неговото можно останување во Реал Мадрид, а Колумбиецот накратко одговори: „Не, никогаш“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг