Моисе Кеан и Николо Заниоло не настапија за италијанската репрезентација до 21 година на дуелот против репрезентацијата на Белгија.
Италија славеше со 3:1 против Белгија, а селекторот на младинската репрезентација на Италија, Луиџи Ди Биаџо не ги повика фудбалерите на Јувентус и Рома на дуелот против Белгијците затоа што повеќе пати задоцниле на тренинг.
Сега, Кеан и Заниоло би можеле да добијат уште една казна – италијанските медиуми пренесуваат дека селекторот на сениорската репрезентација, Роберто Манчини нема да ги повика на дуелите од квалификациите за Европското првенство во септември против Ерменија и Финска.
Кеан и Заниоло биле казнети од Ди Биаџо поради лошо однесување, недисциплина и константно доцнење на тренинзите. Ди Биаџо објасни дека во неговиот тим не е проблем ако се задоцни два или три пати на тренинг, но кога тоа се прави десет пати, тогаш тој не прогледува низ прсти.