Роналдо се сретна со Џордан и со три збора ја опиша нивната фотографија

Дерби

24/06/2019

14:48

2.317

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо сосема заслужено го дочека летниот одмор и од тоа што го споделува на социјалните мрежи, може комотно да се заклучи дека ужива на крајно луксузни места, па така по посетата на Пелопонез во соседна Грција, ѕвездата на Јувентус сега е во посета на француската Ривиера.

Роналдо во текот на вчерашниот ден беше уловен во Кан, а по објавите на папараците, тој ги почести фановите со една уникатна фотографија во друштво на најдобриот играч во историјата на кошарката.

Португалецот се пофали дека имал средба со легендарниот Мајкл Џордан, а нивната заедничка вечера ја опиша со три збора.

– Ние направивме историја.

View this post on Instagram

We made history ⚽️??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг