Цел живот погрешно сте лупеле портокал, постои многу поедноставен начин

Точка

24/06/2019

15:11

3.658

Големина на фонт

а а а

Лупењето портокали за многумина изгледа како комплицирана работа - нож, па лупење на кората , па раздвојување на неговите парчиња.

Меѓутоа, тоа може навистина да биде наједноставната работа на светот.

На Јутјуб може да се најдат неколку трикови како на едноставен начин да излупите портокал, а откако ќе ги погледнете никогаш повеќе нема да се вратите на стариот, покомплициран начин на лупење портокали.

Сè што треба да направите е со помош на нож да ги отстраните краевите на портокалот и потоа на една страна да го засечете до пола, до неговата средина. Потоа само со прстите развлечете ја кората на портокалот и ќе добиете совршени парчиња.


Друг начин е со ножот да го засечете портокалот во должина на неговиот дијаметар и потоа да земете лажица (или некој сличен предмет) и да го вовлечете под кората правејќи кружни движења. Потоа ќе може да ја отстраните кората од портокалот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг