Поминаа 20 години од хитот со кој Кристина Агилера влезе во шоубизнисот

Кармин

24/06/2019

14:41

2.086

Големина на фонт

а а а

Познатата американска пејачка, Кристина Агилера, овие денови се чувствува многу носталгично. Имено, песната која ја искачи на врвот на шоубизнисот, наполни 20 години.

Се разбира, станува збор за песната „Genie in a Bottle“. „Одбележуваме 20 години откако оваа песна е издадена. Можете ли да верувате? Какви чувства буди таа во вас? Кои спомени ви ги враќа?“, напишала Кристина на својот Инстаграм профил.

„Кога имав само 18 години, се враќав од Јапонија и видов дека мојата песна се искачила на првото место на Билборд листата. Бев толку среќна и благодарна што ви се допаѓа толку колку што и мене. Ви благодарам што сте покрај мене сите овие години. Моите борци, ве сакам“, напишала Агилера.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk